23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Away Spa Centar (фото)

Луксузниот Away Spa Centar (фото)

Поинаквиот концепт на СПА центар кој е применет во „Away“ ќе ве однесе далеку од напорното секојдневие и ќе ви подари луксузни моменти за уживање.

Нема подобар начин да се ослободите од стресот од посетата на сензационален СПА центар, како центарот „Away“. Совршената мешавина на богати и луксузни напитоци и рачно изработените купки, шампони, балзами и пилинзи од лековите билки надополнети со состојките од напредната медицина ќе ги надразнат вашите префинети сетила и ќе ја оживеат вашата душа. Испразнете го вашиот мозок и опуштете се!

Овој СПА центар е дизајниран со елементи од земјата, водата и огнот како инспирација, по целата негова должина течат мали реки и канали за хидромасажа. СПА центарот поседува 20 апртмани, кои се уредени во арт-деко стил со модернистички примеси и рачно дизајнирани додатоци од квалитетни видови на дрво.

Луксузниот „Away“ СПА центар има голем избор на третмани, релаксирачки, медицински, термални… тој нуди и голем број други услуги за будење на внатрешната и надворешната човекова убавина.

За да престојувате во овој луксузен СПА центар потребни ќе ви бидат 369 американски долари за едно ноќевање со два вклучени третмани.

Уживајте во фотографиите…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП