8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален државниот дефицит на Франција

Намален државниот дефицит на Франција

ajfel

Државниот дефицит на Франција е намален во ноември за 6,2 милијарди евра во однос на истиот период лани кога изнесувал 103,4 милијарди, објави француското Министерство за буџет.

Францускиот дефицит кон крајот на ноември во 2012 година, изнесувал 97,2 милијарди евра, што е во согласност со проценките на Владата.

Според прогнозата, дефицитот на Франција за декември ќе достигне 87,2 милијарди евра што е за милијарда повеќе од очекувањата. Меѓутоа, Франција вети на европските партнери дека оваа година ќе го сведе дефицитот од 4,5 на 3 отсто од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП