19 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна куќа во Кејптаун

Луксузна куќа во Кејптаун

ke1

Оваа планинска куќа е дело на дизајнерите од компанијата „Van Der Мerwe Miszewski Architects“ и претставува уште еден пример како луксузното и модерното може да се вклопи со природното. Таа се наоѓа во близина на Националниот парк Тејбл во Кејптаун, Јужна Африка.

За да нема големо влијание на природната околина, куќата е изградена како комплекс од пет павилјони со брановидни кровови кои прават комплексот да изгледа како дел од пејзажот. Брановидните кровови се направени од бетон и потсетуваат на природно заоблените камења кои се наоѓаат во планината која се издига зад куќата.

Целосната структура е изградена на стрмно место, а при градењето е употребуван традиционалниот метод на вметнување камени ѕидови во животната средина. Овие ѕидови формираат платформи и балкони, кои им овозможуваат природен амбиент на станарите. Тие исто така овозможуваат целосно вклопување на куќата во карпестата средина, давајќи слика како таа да е дел од природата. Тука посетителите ќе можат целосно да и се препуштат на природата.

Внатрешната пространост и уредување во модерниот арт-деко стил ќе ги привлече посетителите да ја искусат едноставноста, да прочитаат некоја книга од големата библиотека и да уживаат во комфорот кој им се нуди. Во градината има природен канал со вода кој уште повеќе ја надополнува природната атмосфера. Оваа куќа ќе ги освежи вашите сетила и ќе ве наполни со енергија.

ke2

ke3

ke4

ke5

ke6

ke7

ke8

ke9

ke10

ke11

ke12

ke13

ke14

ke15

ke16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП