2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВистински дом од соништата - италијанска вила на езеро (фото)

Вистински дом од соништата – италијанска вила на езеро (фото)

Оваа сјајна вила во Сулзану, во Италија, е вистински дом од соништата, со околу 700 м2 простор…

Таа има три спални соби и четири бањи, а се наоѓа на имот кој има околу 2,15 хектари прекрасно уредена земја, во непосредна близина на езерото Исео, па така нуди импресивен поглед и прекрасно природно окружување.

Покрај смирувачкиот поглед на езерото, оваа вила ви нуди можност за пливање во езерото, во вашиот приватен дел кој има високо ниво на приватност, и покрај близината на главниот пат.

Со своите три ката, оваа вила има и два сјајни базени, прекрасна веранда со камин како и приватен пристап за автомобили. Благодарение на француските прозори, можете да излезете во дворот од секоја просторија од приземјето, што е многу убаво уредено со оглед на природата која ве опкружува и мами да уживате во неа.

Идните сопственици на оваа вила ќе имаат прилика да уживаат во импресивно опремената кујна, главната спална соба со голем гардеробер и приватната бања, која има џакузи и туш кабина.

Неодамна изградена, оваа вила е внимателно дизајнирана и изградена од високо квалитетни материјали со употреба на камен, дрво, така што е креирана современа атмосфера.

Вилата Исео е многу шармантен и отмен имот, а идеална е како постојана резиденција за оние кои сакаат да уживаат во погодностите на големиот град, без жртвување на мирот и тишината кои ги овозможува оваа куќа на брегот на езерото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП