25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГлобалните спојувања и аквизиции во првите три месеци бележат рекорден почеток

Глобалните спојувања и аквизиции во првите три месеци бележат рекорден почеток

Глобалните спојувања и превземања (M&A) го бележат најсилниот старт во историјата во првиот квартал од 2018-та година, а нивната вредност изнесува вкупно 1,2 илјади милијарди долари. Американските даночни реформи и побрзиот економски раст во Европа ги ослободија инстинктите на многу компании кон договори, објави „Ројтерс“.

Силните фондови и должничките пазари, како и зголемените финансии во бизнисот исто така, помогна да се зајакне довербата на главните извршни директори, убедувајќи ги дека сега е добар момент да извршуваат трансформациски спојувања.

„Јасноста по однос на даноците го расчистија патот за дел од „M&A“ дејноста, која беше стратешки важна, но за која компаниите го почекаа вистинскиот финансиски момент“, коментира Ану Ајенгар, шеф на спојувања и превземања во Северна Америка во „JPMorgan Chase & Co“.

Иако вредноста на „M&A“ трансакциите во целиот свет се зголемила за 67% на годишна основа во првиот квартал од 2018-та година, бројот на трансакциите е намален за 10% до 10.338, покажуваат првичните податоци на „Thomson Reuters“, што значи дека во просек трансакциите стануваат се поголеми.

Меѓу најголемите зделки во овој квартал е стекнувањето на американскиот фармацевтски синџир „Express Scripts Holding“ од американскиот осигурител „Cigna“ за 67 милијарди долари и купувањето на бизнисот со обновлива енергија „Innogy“ на „RWE“ од германската „E.ON“ за 38,5 милијарди долари.

Обемот на „М&А“ се големи двојно во Европа во првиот квартал, во САД се зголеми за 67% и во Азија за 11%.

„Подоброто макроекономско опкружување во Европа создаде поголема доверба за да се направат работите. Трансакциите кои се подготвуваа подолго време, сега се остваруваат и некои индустрии, како комуналните услуги, се преоформираат целосно поради последниот бран на консолидација“, коментира Борја Аспиликуета, шеф на консултантскиот оддел за Европа, Блискиот Исток и Азија во „HSBC Holdings“.

„Компаниите стануваат се поагресивни, во потрага по договори кои имаат силна стратешка смисла. Оценките сепак остануваат високи и управните одбори во последно време стануваат повнимателни кон големите превземања, бидејќи е потешко да ги убедиш инвеститорите во потенцијалот за создавање на вредност на такви високи цени“, коментира Гилберто Поци, раководител на одделот за глобални „M&A“ трансакции во „Goldman Sachs Group“.

Регулирниот ризик исто така се зголеми. Драматичната интервенција на Трамп, која го блокира стекнување на американскиот производител на чипови „Qualcomm“ од страна на „Broadcom“ за 117 милијарди долари, повикувајќи се на загриженоста за националната безбедност, претходно овој месец истакна загриженоста на САД дека ќе ја загуби битката во новите технологии на сметка на САД.

Антимонополскиот фронт, исто така, има одредена несигурност. Министерството за правда на САД одлучи да го блокира стекнувањето на „Time Warner“ од американската телекомуникациска компанија „AT&T“ во вредност од 85 милијарди долари поради загриженоста дека двете компании ќе го консолидираат секторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП