9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГламурозен хотел во Јамајка - Strawberry Hills (фото)

Гламурозен хотел во Јамајка – Strawberry Hills (фото)

Сместен над главниот град на Јамајка, Кингстон и прекрасните Сини планини, „Strawberry Hills Hotel“ претставува еден од најубавите и најлуксузните хотели на Јамајка…

Хотелот овозможува автентично и луксузно искуство и престојување, а е совршено место за оние кои се желни за одмор во пријатен и ексклузивен амбиент. Покрај пространите и луксузни соби, „Strawberry Hills Hotel“ ви нуди и изнајмување на вила во која можете уште повеќе да му се препуштите на уживањето и одморот.

Љубителите на храната посебно ќе се изненадат кога ќе ги пробаат јамајканските специјалитети кои се извонредни во овој хотел. Покрај одличната храна, големиот бар исто така ќе ве импресионира. Тука, покрај прекрасниот тиркизен базен, можете со задоволство да пиете коктели во пријатно друштво и амбиент.

Опкружувањето во кое овој хотел се наоѓа исто така е многу импресивно, а ако сакате авантури во природа, можете да се впуштите и во планинарските походи или рафтинг по околните реки. Во секој случај, „Strawberry Hills Hotel“ е место за совршен одмор и уживање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП