29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООстапенко закажа финале со Стивенс

Остапенко закажа финале со Стивенс

Летонката тенисерка Елена Остапенко ќе игра во финалето на Мастерсот во Мајами, откако во полу-финалето ја совлада Даниел Роуз Колинс со 7:6, 6:3.

Многу потешко од прогнозите, петторангираната на ВТА листата успеа да ја победи квалификанската Колинс. Остапенко во првито сет стекна брејк предност, меѓутоа Американката која во рпетходната рунда ја елиминира Венус Вилијамс, веднаш возрати.

Потоа, Колинс успеа да и го одземе сервисот на противничката во 11.гем, сервираше за освојување на првиот сет, но не го издржа притисокот. Летонаката возврати со ри-брејк, а потоа во тајбрејкот го доби првиот сет.

Во вториот сет Остапенко ја оправда улогата на фаворит и со два брејкаја заврши работата и се избори за своето прво финале на трнирите од мастерс серијата.

Остапенко за титулата ќе се бори притив Слоан Стивенс која во првото полу-финале ја победи Викторија Азаренка.

Финалето во женска конкуренција ќе се одигра утре со почеток во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП