2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКарипски рај од осум милиони евра (фото)

Карипски рај од осум милиони евра (фото)

Сместена во Terres Basses, ексклузивниот резиденцијален дел на француската страна на St Martin, Always е величествена шестсобна современа убавица, која е подготвена да ве заведе и да ве наведе да се преселите во овој карипски рај.

Оваа прекрасна вила поминала низ процес на реновирање во 2014 година, па сега содржи беспрекорни елементи од брендовите Manutti, Blanc D’Ivoitre и Philippe Starck, со прекрасни бели подови од даб во целиот простор.

Раскошната резиденција содржи две нивоа неверојатно опремен животен простор, вклучувајќи пространа трпезарија, гурманска кујна со Viking апарати, работни површини од бел кварцит со подови од полиран бетон. Можеме да се сложиме дека ова е совршено место за подготовка на оброци, со поглед кон карипското море и базен.

Отворениот дизајн на овој имот ќе им дозволи на новите сопственици и нивните гости да уживаат во оброците со беспрекорен поглед на море, додека целиот дом е исполнет со природна светлина. Двата апартмани, односно спалната соба која со изгледот потсетува на палата, содржи уникатни кревети и Blanc D’Ivoire мебел кој ќе ви го даде заслужениот одмор. Приватните балкони со поглед кон базенот се идеални места за уживање во утринското кафе.

Ако сакате приватност, треба да знаете дека Always е совршено сокриен имот, кон ви нуди пристап до плажата во близина, а се наоѓа на само неколку минути од „цивилизацијата“. Цената на овој имот е осум милиони долари. Дали би платиле толку за ваков рај?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП