1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДруштвени мрежи само за моќниците

Друштвени мрежи само за моќниците

Germany Merkel

Сигурно сите повремено слушате дека богаташите немаат време за друштвени мрежи како што се „Facebook“ или „Twitter“ бидејќи се премногу зафатени со заработување на милјарди долари. Аргументите за таквото тврдење секогаш се исти – дали некогаш сте виделе профил на некој милијардер на некоја од друштвените мрежи? Сигурно не. Но тоа не значи дека тие не користат.

На најексклузивната друштвена мрежа на светот не ѝ се знае дури ниту адресата. Пристап до нив имаат само 200 најмоќни луѓе на светот, а меѓу нив се Ангела Меркел, јорданската кралица Раниа, Бил Гејтс, Димитриј Медведев и други моќници.

Исто како и во реалниот свет, така и во интернет светот, постојат места на кои „сретнуваат“ богатите и места на кои „сретнуваат“ обичните луѓе.

„Facebook“, „Pinterest“, „Twitter“ или „Instagram“ не се места на кои можете да пронајдете профили на милијардери. Но затоа тука се „A Small World“, „Square“, „Affluence“ и низа слични друштвени мрежи се резервирани исклучиво само за најбогатите луѓе. Ова се мрежи на кои богатите разговараат за работа и разменуваат искуства за она за кое просечните граѓани не ни размислуваат.

Додека вие на „Facebook“ се тагнувате со вашите пријатели во некое кафуле, милјардерите се тагнуваат со славните личности на приватни скапи јахти, родендени и забави кај Роман Абрамовиќ или Бијносе, и разговараат за проекти вредни по 10 милјарди евра.

Членство по препорака и милионерска сметка

asmallworld

Чланарината за разлика од вообичаените друштвени мрежи не е бесплатна, а можностите да се зачлени некој „обичен“ човек се сведени на минимум. Членство воглавно се добива со препорака на постоечкиот и добро проверен член или пак морате да докажете дека на сметката имате неколку милиони долари. Бидејќи тешко е да се излажираат и двата услови, членовите на друштвените мрежи за елитата се сигурни дека се наоѓаат меѓу луѓе кои се исти како нив.

Најпознатата елитна друштвена мрежа е „A small world“ која е основана пред девет години. До неодамна функционирала како мрежа на која богатите разменувале искуства, но овие денови стана уште поексклузивна. Члановите досега можеа да купуваат разна луксузна роба, но и услуги преку оваа мрежа, а како што понудата на мрежата се проширува, паралелно се намалува бројот на нејзините членови. Имено, посебните понуди за купување на скапи работи нема да бидат достапни за сите членови, а оние кои не се доволно добри за таквите понуди, нема да бидат дел од ова ексклузивно опкружување. Специфичноста на оваа страна е тоа што членовите за време на влегувањето во друштвото на избрани, мораат на сопствениците да им ја предадат листата која ја имаат, а од членовите се очекува да ги имаат приватните броеви од најпознатите луѓе на светот.

affluence

„Affluence“ не го наплатува членството, но ако не сте „тешки“ три милиони долари и ако годишно не заработувате помалку од 300.000 долари, нема шанси да добиете пристап на оваа мрежа. Може евентуално да ве спаси познанство со некој постар член на мрежата, но мора да имате барем пет личности кои ќе гарантирааат дека вие сте достоен за влегување во овој ексклузивен круг на луѓе.

„Square“ се разликува по тоа што воглавно нуди одлична понуда на скапоцени работи, кои може да си ги дозволат само оние кои имаат навистина многу пари. Тука е и мрежата „Island X“, наменета само за оние кои постојано некаде патуваат и може да се пофалат со тоа низ целиот свет.

Мрежа до која не можете ни да дојдете

p1cn

Праксата на ексклузивно членство на некои друштвени мрежи не ја изостави ниту Кина, која можеби има најголем број на нови и млади милионери кои го бараат своето место на интернет. Тие ја имаат својата друштвена мрежа P1.CN. Оваа друштвена мрежа ве прифаќа како нејзин корисник само ако сте препорачани од пет членови, и мораат да имаат фотографии на кои се фотографирани по елитните квартови на Пекинг или се облечени во скапа облека. Понекогаш е доволно само да се облечени скапо, да се убави и згодни. Кога сопствениците ќе ги видат овие фотографии, оние кои најмногу им се допаѓаат им испраќаат пристап за да влезат во оваа друштвена мрежа.

TopCom-and-World-Leaders

Но тоа не е крај. Дури и од оние најексклузивни мрежи постојат уште повеќе ексклузивни, бидејќи од нив не можете да добиете ниту линк. „TopCom“ е приватна комуникациска платформа за 200 најмоќни луѓе на светот. Основана е минатата година на Светскиот економски форум и оваа мрежа ја користат исклучиво членовите од овој форум. Меѓу членовите се Бил Гејтс, Дејвид Камерон, Бил Клинтон, Ангела Меркел, Тони Блер и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП