17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто се дебелееме кога ќе престанеме да пушиме?

Зошто се дебелееме кога ќе престанеме да пушиме?

Пушењето ја влошува физичката активност и го намалува внесот на храна, а со престанувањето се постигнува спротивниот ефект. Пушачите, во просек, имаат помалку килограми од непушачите, а ефектот на никотин врз метаболизмот е комплексен. Претпоставката е дека никотинот го појачува влијанието на лептинот и грелинот, што резултира со намален апетит.

Лептин е полипептид кој се произведува во масното ткиво. Kонцентрација на лептин ја одржува количината на енергија која е складирана во масното ткиво, а нивото на циркулирачкиот лептин го следи внесот на калории, и е директно пропорционален на количината на масното ткиво.

Грелин е хормон кој го стимулира апетитот, и ова е полипептид произведен во стомакот. Тој, заедно со рецепторот се наоѓа низ целото тело и на тој начин влијае на многу телесни функции.

Делувањето на грелинот го потиснува никотинот и го подобрува функционирањето на лептинот, што како краен резултат има намалување на апетитот, а никотинот делува на симпатичкиот нервен систем, што резултира со зголемување на нивото на адреналин и забрзување на метаболизмот.

Со прекин на пушењето се зголемува апетитот и рецепторите за вкус на јазикот се опоравуваат, што го прави лицето кое престанало да пуши подобро да го чувствува вкусот на храната.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП