Иако ова оригинално место беше семеен дом сместен на врвот на карпата на Санторини, „“ пред неколку години беше претворен во луксузен хотел…
Овој хотел нуди величествен поглед и луксузни погодности, кои на секој ќе му го разубават денот. Гостите во овој хотел ќе се чувствуваат како кралеви, а како да не се чувствуваат така, кога тој нуди само луксузни апартмани, кои содржат елементи од познатата архитектура на Санторини.
Со минималистички декор, овие апартмани се ладни и светли во текот на денот, а нудат секаков луксуз кој е потребен за одмор.
Кога ќе го посетите Санторини ќе имате можност да уживате во погледот на Калдер, да ја пробате врвната храна и да ја впиете магијата на морето од вашата приватна тераса.
Исто така, дел од овој хотел е и базенот со вода која се грее, со цел и ноќите да ви ги претвори во магија, а истакнатиот готвач Јанис ќе ги подготви сите специјалитети кои ќе сакате да ги пробате.