3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАјде да побегнеме од секојдневието, одиме на луксузно патување во Тајланд!

Ајде да побегнеме од секојдневието, одиме на луксузно патување во Тајланд!

chi1

Екстралуксузната вила „Chi“ која се наоѓа на островот Пукет во Тајланд, ќе ги засити сите ваши апетити за одмор исполнет со забава, комоф и луксуз. Таа е сместена веднаш над прекрасниот океан, притоа нудејќи комплетна изолација и непречен бескраен хоризонт за своите посетители.

Со неа управува хотелот „Cape Sienna“, а за љубителите на луксузот, ова прекрасно место има што да понуди.

Оваа неверојатна вила може да биде изнајмена во текот на целата година, а за да поминете една ноќ во неа ќе треба да издвоите од 1.150 до 2.300 американски долари.

Покрај беспрекорната услуга, во вилата би можеле да го користите и феноменалниот базен долг 30 метри, салата во која се одржуваат часови по пилатес и јога, спа-центар и уште многу други активности.

Изнајмувањето автомобил или јахта е само уште една од многуте услуги кои ексклузивно би ви стоеле секогаш на располагање.

Во ентериерот кој е исполнет со едноставен но квалитетен мебел и неколку предмети кои потсетуваат на локалната култура ќе уживате буквално, следејќи ја комплетната надворешна убавина низ прозорците на оваа прекрасна вила.

Вилата поседува речиси се, од апарати за забава, па се до апарати за комплетна подготовка на оброци.

Уживајте во прекрасните фотографии…

chi2

chi3

chi4

chi5

chi6

chi7

chi9

chi13

chi14

chi15

chi16

chi12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП