16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрациозен имот сместен во Пасадена (фото)

Грациозен имот сместен во Пасадена (фото)

Овој грациозен имот сместен во Пасадена, се најде на пазарот за продажба…

Неговата цена е 14 милиони долари, а два пати добил признаниe за Куќа на годината. Ова куќа датира од 1919 година и нуди нешто повеќе од 1.000 метри квадратни простор, со седум спални соби и седум бањи.

Дело е на Фернандо Парментијера, водечки шампион во правецот Arts & Crafts. Со самото тоа, оваа вила има бројни дистинктивни елементи, од хоризонтално поврзани прозори, до греди од махагони од Хондурас и интригантни бордури.

Фоајето во самото срце на нејзиниот дизајн, грандиозниот салон со прекрасни гипсени детали и магичниот камин украсен со зелени Grueby плочки придонесуваат за овој богат амбиент

Во целост редизајнираната кујна има отворени садопери и кујнски остров, со Grigio мермерни елементи. Главната бања има пловечки стаклен туш, доволен за две лица.

Големиот простор во кој некогаш се паркирале кочиите, сега служи како мини вила за гости. Покрај неа овој имот во својот состав има базен, градина, кујна на отворено, прекрасно уредената градина, елегантни елементи…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП