19 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC ги претстави Desire 12 и Desire 12 Plus (фото)

HTC ги претстави Desire 12 и Desire 12 Plus (фото)

„HTC“ претстави два нови смартфони од средна класа, а тоа се „Desire 12“ и „Desire 12 Plus“.

„Desire 12“ има 5,5-инчен, a „Desire Plus“ 6-инчен „IPS LCD“ екран со формат 18:9 и резолуција од 1.440×720 пиксели. Куќиштата се дизајнирани така да ја имитираат „течната површина“ по примерот на дизајнот на „HTC U11“, што е резултат на користење на акрил кој е сличен на стакло, но поиздржлив.

Покрај тоа, „Desire 12“ поседува процесор „MediaTek MT6739“, 2 или 3 GB RAM, како и 16 или 32 GB интерна меморија која може да се зголеми со помош на „microSD“ картичка до 2 TB. Од друга страна, „Desire 12 Plus“ доби процесор „Snapdragon 450“, 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија која исто така може да се зголеми со „microSD“ картичка.

Два смартфони поседуваат предни камери од 13 мегапксели, но моделот „Plus“ има и секундарна камера од 2 мегапиксели која е за портрет ефекти. Предната камера на помалиот модел има 5 мегапиксели, а на поголемиот 8 мегапиксели и технологија за препознавање на лица.

Смартфоните поседуваат и 3,5 mm влез за слушалки, како и „Micro USB“ портови за полнење. Што се однесува до батериите, „Desire 12“ користи батерија од 2.730 mAh, a пак „Desire 12 Plus“ има батерија од 2.965 mAh. Поголемиот модел позади има и сензор за отпечаток на прстот кој недостига кај помалиот модел.

Досега се потврдени виолетовата и златната боја на уредите.

Од „HTC“ не ги соопштија, датумот за старт на продажбата, како и регионите во кои ќе бидат достапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП