19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLloyd’s of London ја заклучи 2017 со загуба од 2 млрд фунти

Lloyd’s of London ја заклучи 2017 со загуба од 2 млрд фунти

Британскиот Lloyd’s of London извести дека 2017 година повторно работел со загуба, по петте позитивни години, објаснувајќи го тоа со низата разорни урагани и другите природни катастрофи.

Загубата пред оданочувањето во 2017 година изнесувала две милијарди фунти (2,3 милијарди евра). Една година претходно компанијата работела со добивка пред оданочување од 2,1 милијарди фунти.

„Пазарот имаше многу тешка година во 2017 поради предизвикувачките пазарни услови и значителното влијание на природните катастрофи“, објаснува извршната директорка Инга Беле.

„Поради тие фактори „Lloyd’s“ за прв пат во шест години работи со загуба“, додаде Беле.

Вкупниот износ на барани исплати за осигурување за претрпени штети во изминатата година достигнал 4,5 милијарди фунти, двојно повеќе отколку во 2016 година.

„Покрај ураганите Харви, Ирма и Марија, меѓу останатите катастрофи во 2017 година, тука се и разорните пожари во Калифорнија, земјотресот во Мексико, поплавите предизвикани од монсуните во Бангладеш и лизгањето на земјиштето во Колумбија“, наведува претседателот на управата на „Lloyd’s“ Брус Карнеги Браун.

Загубата временски се поклопи со подготовките на компанијата за работењето по Брегзит, покрај најавеното отворање на подружница во Брисел на почетокот на наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП