19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМарк Цукерберг пробува да се „испере“ или пробува да ја смири јавноста?!

Марк Цукерберг пробува да се „испере“ или пробува да ја смири јавноста?!

Ко-основачот на социјалната мрежа „Facebook“ се разбуди, и на својот профил се изјасни за скандалот кој ја вознемири јавноста.

Тој на корисниците на оваа социјална мрежа им порача дека ќе се превземат сериозни мерки што ќе ја зајакнaт безбедноста на приватните податоци.

„Јас го создадов „Facebook“ и на крајот на денот јас сум одговорен за се она што се случува таму“.

,,Ова е прекршување на довербата помеѓу „Cambridge Analytica“ и „Facebook“. Но, тоа беше и прекршување на довербата помеѓу „Facebook“ и луѓето кои ги споделуваат своите податоци со нас, и очекуваат истите да ги заштитиме. Ние треба да го поправиме тоа, додава Цукерберг.

Компанијата „Facebook“ соопшти дека се ,,запрепастени од оваа измама”. Исто така, потврдуваат дека ја разбираат сериозноста на овој проблем.

„Ние ќе научиме од ова искуство, а тоа е дека треба да ја зацврстиме нашата платформа за да ги заштитиме нашите корисници“, заклучува Цукерберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП