ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Погледнете во внатрешноста на овој луксузен имот вреден 24 милиони долари (фото)

Во Рајската долина во Аризона постои голем број на специфични недвижнини кои ги мамат посетителите и клиентите со својот шарм и интересен изглед…

Овој пат ви го претставуваме најновиот имот кој е сместен во овој дел од Аризона и кој е обезбеден со прекрасна порта, зад која се крие амбиент од рајот.

Целиот имот се простира на неколку хектари од Камелбак планината и има изглед и атмосфера на луксузен резорт кој е сместен во некоја егзотична земја, како Малдивите. Во самото срце на имотот се наоѓа величествената главна вила која е едноставно прекрасна и изградена во 2013 година.

Со речиси 3.000 квадратни метри животен простор, оваа резиденција е совршена за мирен и приватен живот, но сепак има и доволно простор идеален за организирање на забави и друштвени собири со поголем број на луѓе.

Во неа се сместени шест спални соби, вклучувајќи го и главниот апартман од околу 400 квадратни метри, како и тринаесет бањи.

Исто така, тука е и комерцијалниот лифт кој може да собере 25 лица, големата семејна соба, библиотеката на две нивоа, киното, винаријата, ложата, барот, прватната канцеларија, како и приватното стрелиште со две ленти. Во близина на главната вила се наоѓа помала вила за гости, со комплетно опремена кујна и трепезариски простор.

Цената на оваа вила изнесува 24 милиони долари.