26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКутроне: За мене Меси е само лик од Плејстејшн

Кутроне: За мене Меси е само лик од Плејстејшн

Нова ѕвезда на Милан, Патрик Кутроне вели дека не го очекувал успехот кој го има оваа сезона, иако уште не е стандарден ниту во својот клуб, ниту во италијанската репрезентација.

Сепак, тој е дел од репрезентацијата за пријателскиот меч против Аргентина во Англија и Кутроне вели дека најголемата желба му е да игра против Лионел Меси.

„За мене, Меси беше лик од Плејстејшн. Само таму го имав видено и играно со и против него. Ќе биде неверојатна чест да се игра против него, бидејќи тој е фудбалот“, вели 20-годишниот Кутроне пред петочниот меч.

Пред сезоната 2017/18, Кутроне имаше само еден настап за Милан (и тоа како замена), но оваа сезона под водство на Џенаро Гатузо се претвори во клучен играч, постигнувајќи 15 гола во сите натпреварувања. Покрај тоа, дојде и поканата од преодниот селектор Ди Бјаџи да биде дел од составот кој ќе игра со Аргентина и Англија.

„Гатузо ми даде малку од неговиот карактер, но секогаш сум имал конкурентен дух и желба да постигнувам голови. Лани бев во Примавера и не мислев дека ќе стигнам дотука“, признава напаѓачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП