28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJapan Tobacco купи една од најголемите руски компании

Japan Tobacco купи една од најголемите руски компании

Компанијата „Japan Tobacco“ постигна договор за купување на руската „Donskoy Tabak“ за околу 90 милијарди рубљи или 1,56 милијарди долари.

Компанијата сака да ја зајакне позицијата на пазарот за тутун во светот.

Јапонската компанија соопшти дека со „Donskoy Tabak“ ќе го зголеми уделот на рускиот пазар на 40 проценти.

Инаку, „Donskoy Tabak“, со околу 7 проценти пазарен удел, е четвртата тутунска компанија во Русија.

„Japan Tobacco“ е трет производител на цигари во светот, а во последно време склопува прекуморски партнерства поради намалувањето на продажбата на цигари во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП