20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава е платата на Ворен Бафет и Чарли Мунгер?

Колкава е платата на Ворен Бафет и Чарли Мунгер?

Легендарните инвеститори Ворен Бафет (87 г.) и Чарли Мунгер (94 година) продолжуваат да управуваат со „Berkshire Hathaway“ и денес, и покрај нивната возраст.

Од компанијата најавија дека просечната плата на вработените во компанијата во изминатата година изнесува малку над половина од добиените од Ворен Бафет 100.000 долари.

За „Berkshire“, според последните податоци, работат 377.000 службеници кои се вработени во 90-те бизниси, кои компанијата ги поседува, вклучувајќи ги „Geico“, „BNSF Railway Company“, „Dairy Queen“ и други.

Во информации до Комисијата за берзи и хартии од вредност од „Berkshire“ објавуваат дека просечната плата на 2/3 од вработените изнесува 53.510 долари, што претставува сооднос од 1.87 пати спрема приходите на Бафет.

Ова е релативно ниско ниво, со оглед дека во САД има извршни директори кои примаат над 100 пати повеќе од просекот на своите вработени.

Неодамна од аналитичката компанија „Equilar“ објавија дека ги истражувале платите во 356 јавни претпријатија. Податоците од истражувањето покажуваат дека просечното сооднос на платата меѓу главните извршни директори и вработените изнесува 140:1.

Највисоко ниво е забележано кај втората најголема рафинерија – „Marathon Petroleum Corp.“. Нејзиниот извршен директор Гери Хемингер добил 19.7 милиони долари за 2017-та година, што е за 935 пати повеќе од просечната плата во компанијата.

За 2017-та година Бафет не добивал бонуси, но му се обновени личните трошоци во вредност од 50.000 долари, а од компанијата се превземени и обезбедувањето (лично и за дома), што ја чинела „Berkshire“ 375.000 долари.

Потпретседателот на „Berkshire“, Чарли Мунгер исто добил 100.000 долари во 2017-та година, додека главниот финансиски фиректор на компанијата Марк Хамбург заработил 2.29 милиони долари, што е за 46% повеќе во однос на една година порано.

Платите на другите двајца потпретседатели на компанијата Грег Авел и Аџит Џајн не беа објавени, а продолжуваат да се дефинираат од Бафет.

Тој контролира околу 32 отсто од гласачките права на „Berkshire Hathaway“. Инвеститорот поседува 17,2% од капиталот на компанијата, иако од 2006-та година донирал вредност од 27.6 милијарди долари.

Дури и по милијарди дадени за добротворни цели, денес Бафет е третиот најбогат човек во светот. Неговото богатство се проценува на 88,8 милијарди долари.

Само Џеф Безос и Бил Гејтс се пред него со 129,9 милијарди долари и 91,6 милиони долари. Со основачот на „Amazon“ е поврзан еден од најновите проекти на Бафет.

Двајцата планираат создавање на компанија која ќе ги намали трошоците за здравствена заштита, првично за вработените во „Amazon“, „Berkshire“ и „JP Morgan“.

Од друга страна, Гејтс е еден од долгогодишните пријатели на Бафет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП