11 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМодерно луксузната архитектура - Casa Caracol

Модерно луксузната архитектура – Casa Caracol

cs1

Со локација на островот Мухерес во Мексико, „Casa Caracol“ е многу креативен проект на куќа на плажа.

Од самото име на островот на кој е изградена куќата до интригантната архитектура и необичниот ентериер, се делува ново кога зборуваме за овој фантастичен проект „Casa Caracol“.

Панорамскиот поглед на Карипското море само се додава на ова искуство на живеење во школка. Едуардо Окампо е архитектот кој го дизајнираше овој прекрасен луксузен дом, кој е достапен за одмор на гостите, бидејќи моментално е даден за изнајмување.

Куќата е поделена на два дела, еден помал и еден поголем. Помалиот дел, кој изгледа како школка месечина содржи бања и спална соба, додека, поголемиот дел, кој изгледа како школка кралица, содржи уште една сплана соба, бања, кујна и дневна соба.

Ентериерот се надоврзува на идејата за школката, што се приметува при движењето низ оваа куќа, преку реинтерпретираните акценти на школки и море.

cs2

cs3

cs4

cs5

cs6

cs7

cs8

cs9

cs10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП