26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија

„Законските прописи од областа на животната средина, постапување со отпад од електрична и електронска опрема во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите”

Денеска, 15 март, 2018, во Скопје, Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема „Законските прописи од областа на животната средина, постапување со отпад од електрична и електронска опрема во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите”. Настанот овозможи интерактивна дискусија во која се идентификуваа предлози за подобрување на постојните законски/подзаконски постапки, барања и услови кои произлегуваат од законите за животна средина, со цел подобро бизнис опкружување.

На информативната сесија се презентираше краток осврт на постојните закони:

  • Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и
  • Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.

Учесниците беа запознаени со разграничените одговорности помеѓу чинителите во постапувањето со отпадот од електронска и електрична опрема, со цел воспоставување на ефикасен систем за управување со отпадот, како и минимизирањето на негативните влијанија од отпадот од електронска и електрична опрема.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП