18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШестмина повредени во осум сообраќајни незгоди кои се случија во Скопје

Шестмина повредени во осум сообраќајни незгоди кои се случија во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, од кои пет со лесни телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица добиле лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 11 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, од кои три возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, пет возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и тројца биле возачи почетници. Десет возачи се санкционирани бидејќи управувале нерегистрирани возила.

Исто така, санкционирани се и девет пешаци: тројца бидејќи поминале коловоз на црвено светло и шестмина затоа што поминале коловоз надвор од означен пешачки премин. Санкциониран е и еден возач што поминал на крстосница на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 59 мандатни платни налози, а 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП