7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Zara трие раце, добивката сепак расте

Сопственикот на Zara трие раце, добивката сепак расте

Најголемиот светски малопродавач на облека соопшти дека нето профитот во фискалната година завршена на 31 јануари достигнал 3,37 милијарди евра (4,11 милијарди долари).

Шпанската модна компанија „Inditex“ сопственик на брендот „Zara“, соопшти дека силната продажба и инвестициите во технологијата во нивните онлајн и физички продавници ја зголемиле нето добивката за 7 проценти во минатата фискална година.

Најголемиот светски малопродавач на облека соопшти дека нето профитот во фискалната година завршена на 31 јануари достигнал 3,37 милијарди евра (4,11 милијарди долари) во однос на 3,16 милијарди евра една година претходно, пренесува агенцијата АП.

Продажбата пораснала за 9,0 проценти на 25,34 милијарди евра. Од компанијата наведуваат дека приходите од онлајн продажбата скокнале за 41 процент.

Групата, која во 1975 година ја основал Амансио Ортега, стана најголем светски малопродажен ланец за облека со осум брендови, меѓу кои се „Masimo Dutti”, „Bershka” и „Pull & Bear”.

„Inditex“ има 7.475 продавници ширум светот, што е нето раст за 183 продажни објекти во однос на претходната година, но за 29 проценти помалку отколку пред три месеци.

Во претходниот период, вредноста на компанијата опадна за 4,3 милијарди долари, откако објавените анализи кои покажуваат страв од забавување на продажбата во „Zara“ во текот на кварталот во кој обично се планирани годишните одмори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП