6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas планира откуп на акции за 3 милијарди eвра

Adidas планира откуп на акции за 3 милијарди eвра

Германскиот производител и трговец на спортска облека „Adidas“ планира откуп на акции за 3 милијарди евра (3,72 милијарди долари) до 11-ти мај 2021-ва година, вклучувајќи речиси 1 милијарда евра во оваа година, објави компанијата, цитирана од светските агенции.

„Adidas“, која има пазарна капитализација од околу 35 милијарди евра, тврди дека планира да врати голем дел назад од откупените акции и ќе го финансира процесот со актуелна готовина. Освен тоа откри дека очекува силни готовински текови во наредните години.

По силното претставување во 2016-та година, акциите на „Adidas“ забележаа пад во последните месеци, особено по разочарувачките резултати за третиот квартал. Акциите се тргуваа пониско од оние на конкурентот „Nike“, и покрај поголемиот раст на продажбата.

„Adidas“ ќе го објави финансискиот извештај за четвртиот квартал наскоро.

Во соопштението на компанијата најави дека новиот откуп на акции е прилог на политиката на фирмата да плаќа дивиденда во опсег 30-50% од нето добивката од тековната операција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП