17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ќе ги забрани сите реклами поврзани со криптовалути

Google ќе ги забрани сите реклами поврзани со криптовалути

Google презема акција против рекламирањето поврзано со дигиталните валути.

Компанијата ќе ја обнови својата политика за рекламирање на финансиски производи, па да го забрани рекламирањето на содржини поврзани со криптовалутите, вклучувајќи „ICO“-та, портфолијата и советите за трговија, изјави еден од одговорните за реклами во „Google“ – Скот Спенсер, пред CNBC“.

Тоа значи дека дури и компаниите кои легитимно нудат криптовалути, нема да можат да се рекламираат во ниту еден од рекламните производи на „Google“.

Оваа промена ќе стапи во сила во јуни 2018-та година, според соопштението на компанијата.

„Не располагаме со „кристална топка“, за да знаеме како ќе се развиваат криптовалутите во иднина, но се нагледавме на доволно штета за корисниците или можности да се наштети на корисниците во сфера на која сакаме да пристапиме исклучително внимателно“, вели Скот.

Тешкиот пристап на „Google“ доаѓа откако „Facebook“ наметна слична забрана претходно во оваа година.

Бумот кај криптовалутите создаде огромно воодушевување и богатство, но овој пазар се уште останува во голема мера нерегулиран и е цел на бројни измами.

Од „Google“ објавија дека минатата година забележале над 3,2 милијарди реклами кои ги прекршуваат политиките на компанијата. За споредба, компанијата отстранила 1,7 милијарди реклами во претходната година.

Компанијата мајка на „Google“ – „Alphabet“, генерира речиси 84% од вкупните приходи од рекламирање, па сакаат да бидат убедени оние кои рекламираат дека екосистемот и е безбеден и ефикасен, е од суштинско значење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП