18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛего нуди работа од соништата - за играње со коцки 6.000 евра...

Лего нуди работа од соништата – за играње со коцки 6.000 евра плата

Леголенд центарот во Бирмингхам, Велика Британија бара мајстор – градител кој ќе ги игра со коцките, а тоа тоа ќе биде платен 6.000 евра месечно.

На огласот досега се пријавиле 5.000 кандидати, но само еден ќе ја добие работата од соништата – да си игра до коцките Лего.

„Сакате Лего и имате доволно магија во себе за да им подготвите на децата незаборавни искуства со нови модели? Сакате да ширите радост и задоволство околу себе? Пријавете се и приклучете се на тимот во Леголенд центарот“, се вели во огласот за вработување. Кандидатот кој ќе биде избран работното време ќе го поминува во сложување на коцките и правење градби во Лего центарот за истражување во Бирмингхам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП