7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИE.On и RWE го менуваат енергетскиот сектор во Германија

E.On и RWE го менуваат енергетскиот сектор во Германија

Германските енергетски гиганти во Германија „RWE“ и „E.On“ се согласија да ги споделат активите на „Innogy“, што според аналитичарите се смета за сериозна промена во секторот и чекор кон одбивањето на земјата да се откаже од нуклеарната енергија, пишува „EurActiv“.

Во неделата (11-ти март) „E.On“ објави преку својата веб-страница дека ќе купи 76,8% од средствата на „RWE“ во „Innogy SE“, а за возврат „RWE“ ќе добие 16,67% од средствата на „E.On“. Понудата за малцински акционери во „Innogy“ ќе биде вредна 40 евра по акција, со што вредноста на компанијата ќе биде околу 22 милијарди евра.

Со размената на акции, двете компании практично ќе го делат пазарот – „E.On“ ќе се фокусира на мрежно работење и работење со клиентите, а „RWE“ ќе го развие бизнисот со обновливите извори на „Innogy“, како и своите капацитети за складирање на гас.

Во моментов, „RWE“ има силни позиции на постројките за јаглен и гас во земјата.

Но, овој договор е исто така обид од страна на енергетскиот сектор да ја преживее одлуката на канцеларката Ангела Меркел Германија да ја прекине својата нуклеарна енергија, рече „EurActiv“. Предвременото затворање на централите ќе ги чини милијарди енергетските компании во земјата.

Донекаде договорот е од поголема корист за „E.On“, кој ќе има поголема улога во дистрибуцијата на електрична енергија, додека „RWE“ останува со поризичниот „ОИЕ“-бизнис. „E.On“, исто така, ќе добие предност во однос на своите конкуренти, „Engie“, „Enel“ и „Iberdrola“.

Но, тоа е само на прв поглед, вели аналитичарот Томас Десер, од „Union Investment“, акционер во двете енергетски компании. Според него, со помош на зелената енергија, „RWE“ ќе успее да ги затвори нуклеарните централи и предизвиците за јаглен, како и да најде партнери за развој на нивните фарми со ветерници.

Договорот помеѓу двата енергетски гиганти мора да биде одобрен од одборите на компании, како и од регулаторите – Европската комисија и Германската антимонополска комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП