28 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна уживанција во Kempinski Residences & Suites

Луксузна уживанција во Kempinski Residences & Suites

kem1

Хотелот „Kempinski Residences & Suites“, кој е лоциран во Доха, Катар им нуди привилегирано луксузно искуство на неговите гости.

Со пространи луксузни соби и апартмани сместени високо во небото, овој хотел претставува олицетворение на луксузниот живот, тој е сместен во највисоката кула во Катар.

Со совршениот екстериер и луксузниот ентериер, хотелот ќе ви понуди чувство на префинетост, комфор и елеганција.

Во 370-те огромни апартмани и соби, кои располагаат со од 1 до 4 спални соби, може удобно да се сместат посетителите кои се во потрага по мирен и интимен амбиент, хотелот нуди беспрекорна услуга, комфор, одлично приготвената храна, внатрешни базени, целосно опремен фитнес-центар и колоритна игротека за најмладите.

Хотелот располага со повеќе ресторани и барови, кои нудат одлична храна и пијалоци кои ќе го задоволат вкусот на сите посетители.

Во ресторанот „Aroma“ можете да уживате во прекрасно приготвените оброци од интернационалната кујна, во ресторанот „Gourmet House“ ќе уживате во вкусни печива и прекрасно приготвеното кафе.

Во вечерните часови можете да се релаксирате во барот „The Lounge“, кој нуди богата палета на коктели.

Доколку сакате времето да го поминете во вашиот удобен апартман, дозволете му на гостопримливиот персонал да ве разгали со фантастичната собна услуга.

Хотелот ви препорачува дел од вашето време да го поминете во релксирање и да го посетите „Guerlain Alfardan Spa“.

Посетете ја сауната, уживајте во разните козметички третмани, подмладете го вашето тело во парната бања и пливајте во фантастичните внатрешни базени кои ги има во „PURE Leisure & Wellness“ центарот.

Уживанција без граници….доколку не сте во можност да го посетите уживајте во фотографиите….

kem2

kem3

kem4

kem5

kem6

kem7

kem8

kem9

kem10

kem11

kem12

kem13

kem14

kem15

kem16

kem17

kem18

kem19

kem20

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП