19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Венецуела се помалку храна

Во Венецуела се помалку храна

hugo1

Во главниот град на социјалистичката Венецуела, Каракас, во последните неколку недели, потребно е со часови да барате брашно, пилешко месо, масло, шеќер, кафе, лекови…

Недостаток на продукти има повеќе години, но во последно време ситуацијата е многу влошена.

Од социјалистичката влада, на чело со претседателот Хуго Чавес, кој во моментот е на постоперативен третман во Куба, велат дека недостатокот е предизвикан од страна на лошите трговци, но економистите и експертите велат дека причината е државната контрола на цените и девизниот курс.

Владата на Чавез со години продава евтини, субвенционирани продукти на државните пазари, со цел да ја зајакне поддршката меѓу сиромашните жители.

Економистите велат дека недостатокот е предизвикан од лошото управување на економијата, првенствено преку контролата на цените и девизниот курс. Тие, исто така, велат дека актуелните обвиненија за големите залихи на храна и местењето на цените, служат за префрлување на вината од неуспехот на економската политика кон трговците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП