Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонската берза се оградува од било какви ценовно чувствителни информации кои досега не се објавени во врска со раст на цената на акцијата последниве денови.
“Во врска со дописот од Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје бр. 03-269/1 од 07.03.2018 година за информација за порастот на цената на акциите на Комерцијална банка АД Скопје, ја известуваме јавноста дека Банката не поседува ценовно чувствителни информации во врска со работењето кои досега не се објавени”, се вели во изјавата.