5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПознати детали за смартфонот Huawei P20 Lite

Познати детали за смартфонот Huawei P20 Lite

Добро познатиот твитерџија – Еван Блас објави фотографии со кои се открива изледот на смартфоните на „Huawei“ – „P20“ и „P20 Lite“, a сега се познати и некои од деталите за моделот „P20 Lite“.

Интернет страната „Engadget“ дојде до каталогот на компанијата „Vodafone“ на кој се испишани спецификациите на смартфонот „Huawei P20 Lite“, така да се знае дека го користи оперативниот систем „Android 8.0“ и дека има 5,84-инчен екран, 4 GB RAM, 64 GB интерна меморија и батерија од 3.000 mAh.

Исто така на задната страна се наоѓаат камери од 16 и 2 мегапиксели, додека напред е поставена камера од 16 мегапиксели.

Позади ќе биде сместен и сензор за отпечаток на прстот, а забот на предната страна ќе ја содржи камерата.

Уредот ќе биде достапен во црна и сина боја, по цена од 369 eвра.

„Huawei“ ќе го претстави моделот „P20“ на настан кој е закажан за 27-ми март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП