21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Uber влегува во здравството

И Uber влегува во здравството

Здравството е огромен бизнис и технолошките компании не сакаат да ја пропуштат шансата да земат дел од него само затоа што се поврзани со изработка на паметни телефони, апликации и автономни возила.

Технолошката компанија „Uber“ го објави почетокот на својата здравствена платформа „Uber Health“. Услугата е наменета за болници, клиники и воопшто здравствени организации, а со неа тие ќе можат да порачуваат патувања за своите пациенти, пренесува „Mashable“. Со новата апликација, патувањето ќе биде лесно да се планира за подолг временски период.

„Uber“, исто така, го обезбеди својот интерфејс за програмирање, па така што услугата може да биде вградена во постоечките алатки.

Ова не е точна копија на постоечката апликација „Uber“. Наместо тоа здравствените установи можат да планираат патувања на пациентите и лицата кои се грижат за нив. Мобилната апликација исто така нуди можност да плаќање за патувањето.

„Uber Health“ се надева дека ќе ги замени транспортните апликации што болниците обично ги користат за транспорт на пациентите.

За разлика од апликацијата „Uber“, апликацијата работи за пациентите без потреба од паметен телефон. Наместо тоа, патувањата се координираат преку текстуални пораки.

Болниците, центрите за рехабилитација и центрите за грижа на старци – над 100 организации во САД, веќе ја користат бета верзијата на програмата.

„Uber“ не е првата голема технолошка компанија која влегува во бизнисот со здравството, кој се оценува од Светскиот економски форум на 6,5 илјади милијарди долари годишно. Компании како „Apple“ и „Google“ собираат податоци за своите корисници, што значи дека не е тешко за нив да почнат да ги користат информациите за начинот на исхрана, спиење и срцев ритам, за да создадат нови алатки и производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП