20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Еуроникел“ ќе ги исплати сите побарувања на транспортерите на „Фени Индустри“

„Еуроникел“ ќе ги исплати сите побарувања на транспортерите на „Фени Индустри“

„Еуроникел“, претставништвото на „ГСОЛ“ ќе им ги исплати сите средства на транспортерите на „Фени Индустри“. Вкупните побарувања на транспортерите во вредност од 3,1 милиони евра се побарувања од „Нова Логистик“, фирма за која е сè поизвесно дека влегува во стечај.

-Иако е надвор од законските обврски на „Еуроникел“, но со оглед на ситуацијата каде е извесен стечај на „Нова Логистик“, а со тоа дополнително ќе се влоши состојбата на транспортерите, одлучено е да се помогне максимално и да им се исплати вкупното побарување. Плаќањето ќе се изврши веднаш по утврдувањето на документацијата за побарувањата и потпишување на нотарски договори кои ќе бидат склучени со транспортерите – се вели во соопштението од компанијата.

Од „Еуроникел“ ги повикуваат транспортерите да ги отстранат блокадите и да се овозможи непречен дотур на материјалите за производство, за да може фабриката нормално да функционира.

-„Еуроникел“ има интерес да соработува со сите страни, но нормалното функционирање на фабриката од која зависи егзистенцијата на 800 семејства е приоритет“, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП