1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Fiat претрпе пад

Продажбата на Fiat претрпе пад

Компанијата „Fiat Chrysler“ соопшти дека продажбата на возила на оваа компанија во САД падна за 1% во февруари, во кој се очекуваат лоши резултати од производителите на автомобили.

Овој италијанско-американски производител на автомобили наведе дека минатиот месец продал нешто повеќе од 168,000 возила.

Најдобро пројде продажбата на теренското возило „Jeep“, со раст од 12 проценти, додека продажбата на камионот „Ram“ опадна 14 проценти.

Аналитичарите од автоиндустријата очекуваат дека продажбата на возила во февруари ќе биде помала во однос на истиот месец минатата година бидејќи производителите на автомобили ги намалија попустите за готовинско плаќање и другите поттици кои доведоа до рекордно ниво на продажбата минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП