29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИ Финците и свртеа грб на Нокиа

И Финците и свртеа грб на Нокиа

sw_flagfinland_color_1

Една од компаниите со најсилна и најстабилна позициja на пазарот, како на паметни телефони, така и на обичните телефони, продолжува да го губи лидерството во различните листи и дефинитивно покажува сериозни знаци на криза.

Откако Нокиа долги години ги држеше првите места по продажба и снабдување на сите видови на уреди кризата во компанијата почна да дава одраз пред неколку години, кога финската компанија почна да губи позиции.

Еден од последните бастиони на компанијата – финскиот пазар, каде што се очекуваше да го држи првото место по продажба и по првиот квартал од оваа година, веќе е загубено и компанијата е поставена на второ место.

Компанијата е претекната од Самсунг кој веќе има 36 проценти од продадените уреди за првиот квартал, на второ место рангирана е Нокиа, додека на третото позиција се најде „Apple“ со 17 проценти.

„Падот на финскиот пазар“ е од историско значење за компанијата, бидејќи населението во оваа Нордиска земја традиционално се конзервативни и повеќе патриотски настроени. Но, факт е дека глобалниот тренд на приврзаниците на новите модели на Самсунг се повеќе го погоди и најсигурниот пазар на Нокиа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП