17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА4G мрежа и на Месечината

4G мрежа и на Месечината

Nokia и Vodafone ги објавија своите планови во 2019 година да лансираат 4G мрежа на Месечината. Станува збор за научен проект кој ќе овозможи податоци да бидат испраќани од Месечината назад кон Земјата.

Технологијата ќе овозможи два ровери да стримаат видео директно до станицата. Станицата ќе биде лоцирана на Месечината, а ова видео потоа ќе биде испратено на Земјата.

„Ги испраќаме овие два ровери на Месечината и собираме многу податоци, многу HD видеа и фотографии. Проблемот е што не можеме да ги пратиме директно од роверот назад на Земјата, потребно е премногу енергија. Затоа ги праќаме овие податоци со 4G мрежата до слетаното летало, каде што има повеќе енергија на располагање и може да стримаме HD видео директно до Земјата“, вели Кејт Арклес Греј од PTScientist.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП