17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba ги зајакнува своите облачни услуги во Европа

Alibaba ги зајакнува своите облачни услуги во Европа

Кинескиот гигант „Alibaba“ го зајакне присуството на своите облачни услуги во Европа, претставувајќи нов производ, кој има за цел да потисне доминацијата на „Microsoft“ и „Amazon“, пишува „CNBC“.

Кинескиот технолошки гигант пушти облачни производи поврзани со вештачката интелигенција и големите количини на податоци, во Европа, откако тие веќе се користат на други пазари, вклучувајќи во Кина.

Едниот од производите им овозможува на корисниците да го превземат производот, а потоа вештачкиот интелект да го наоѓа во сајтот за електронска трговија. Друг производ има за цел да најде пропусти во безбедноста на мрежата.

„Alibaba Cloud“ е пуштен во Европа од 2016-та година, а минатата година предложи на овој пазар и други производи, фокусирани на вештачката интелигенција и податоците. Но, досега, напорите на „Alibaba“ се фокусираа на служење на кинески клиенти кои работат во Европа. Сега таа исто така се обидува да привлече и европски компании.

Во моментов, „Alibaba“ има само еден центар за податоци во Европа и се наоѓа во Франкфурт. Тој служи за целиот регион. На Светскиот мобилен конгрес од компанијата најавија дека планираат да отворат нови центри за податоци на континентот, но не открија повеќе детали.

Облачниот бизнис е најбрзо растечката единица на „Alibaba“, а во четвртиот квартал приходите од него скокнаа за 104% на годишно ниво до 3,6 милијарди јуани (570,6 милиони долари). Овој оддел се радува на над 1 милион претплатници, но облакот засега носи само 4% од вкупните приходи на кинескиот гигант.

„Alibaba“ глобално сè уште заостанува зад „Microsoft“ и „Amazon“. „Amazon Web Services“ генерира приходи од 5,11 милијарди долари во четвртиот квартал од минатата година.

„Alibaba“ признава дека европскиот бизнис со облачни услуги на компанијата во Европа се уште е мал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП