26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузно одморалиште за вашите миленици

Луксузно одморалиште за вашите миленици

mile1

Луксузното одморалиште „Best Friends Pet Care“ на Флорида ви нуди луксузни задоволства за вашите миленици. Во „Best Friends Pet Care“ се е на високо ниво, тука апартманите за милениците се климатизирани, со регулирана влажност на воздухот, опремени со најновата технологија, и исполнети со различен вид на играчки кои вашиот миленик може да ги користи постојано.

„Best Friends Pet Care“ се простира на 4.600 квадратни метри, поседува два дела отворен и затворен, а во дврот се сместени реквизитите за дневните активности на милениците. Во хотелот можат да бидат сместени 270 кучиња, 30 мачки и 50 миленици од видот на морско прасе, хрчаци, зајчиња и др.

Доколку на вашиот миленик сакате да му обезбедите луксузен одмор, можете да резервирате ВИП апартман, со телевизор, екстра голем ортопедски кревет, сопствено дворче, аквапарк, салон за разубавување, домашно подготвена здрава храна, голем број на посластици и кекси за ужинка.

„Нашата цел е да бидеме сигурни дека милениците кои ќе престојуваат во нашето одморалиште ќе добијат одмор со забава и акција, луксуз и посебна нега“, изјави Денис Долан претседателот на одморалиштето.

Во одморалиштето милениците имаат 24 часовна услуга, а за нивниото здравје се грижи тим од ветеринари.

Погледнете ги фотографиите…

mile2

mile3

mile4

mile5

mile6

mile7

mile8

mile9

mile10

mile11

mile12

mile13

mile14

mile15

mile16

mile17

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП