18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје со добивка од 100 милиони денари за 2017...

ТТК Банка АД Скопје со добивка од 100 милиони денари за 2017 година

Во периодот од 1.1. до 31.12.2017 година ТТК Банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 100,1 милиони денари и истиот е повисок во однос на остварениот финансиски резултат минатата година во износ од 16,4 милиони денари.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и истите на крајот на декември 2017 година изнесуваат 265,1 милиони денари со забележан раст од 0,42% во однос на истиот период минатата година. Планираните нето- приходи од камати се остварени со 99,4%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во анализираниот период изнесуваат 126,6 милиони денари и во однос на минатата година бележат намалување за 12,8%. Планираните нето-приходи од провизии се остварени со 85,9%. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизии произлегува од платниот промет во земјата од правни и физички лица, но исто така и од генерираните провизии од сегментот кредитирање.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 9,3 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 1,6%. Остварувањето на планот изнесува 96,8%.

Вкупните оперативни трошоци на крајот на декември 2017 година изнесуваат 331,3 милиони денари и истите се зголемени за 0,1% споредено со истиот период минатата година, како резултат на зголемените трошоци за плати и вработени и намалените материјални, останати и административни трошоци.

  • Очекувања за претстојниот период

Банката во наредниот период ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и профитабилно оперативно работење. Банката ќе презема активности во насока на остварување на целите утврдени во деловната политика за 2018 година. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде на ниво на планираниот раст на БДП, преку зголемување на уделот на работата со населението во вкупните активности на Банката и задржување на фокусот за работа со мали и средни претпријатија. Потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе биде основа на деловната стратегија, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминатно учество во вкупните извори средства.

Финанскискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП