Американскиот индустриски гигант „General Electric – GE“ постигна договор за продажба на бизнисот со расветни тела во Европа, на Блискиот исток, како и Африка и Турција.
Од американската групација објавија дека постигнале договор со поранешниот извршен директор Јорг Бауер, а износот на трансакцијата не е објавен.
Бауер до неодамна ја водеше „GE“ филијалата во Унгарија, каде се наоѓа седиштете на компанијата за делови од бизнисот предивдени за продажба.
Трансакцијата нема да го опфати бизнисот „GE Lighting“ во Северна Америка кој конгломератот исто така сака да го продаде.
Групацијата 2017 година ја заврши со нето загуба од 6,2 милијарди долари, и најави план за реструктуирање, кој вклучува и продажба на имот во вредност од 20 милијарди долари.
Надворешниот бизнис на „GE Lighting“ вработува повеќе од 4,000 работници, а неговата продажба би можела да биде заклучена до крајот на јуни.