20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБРИКС основа развојна банка

БРИКС основа развојна банка

briks1

Петте земји членки на БРИКС се блиску до договор кој ќе го отвори патот за основање на заедничка развојна банка.

Тоа го изјави јужноафриканскиот дипломат, задолжен за организирање на претстојниот самит за земјите од тој блок.

„Постои огромна согласност околу клучните прашања“, рече Анил Соклал, заменик генерален директор при Одделението за меѓународни односи.

Иако деталите се уште не се дефинирани, се чини дека Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се поблиску до решавањето на најтешкото прашање, а тоа е колку пари секоја земја треба да допринесе за банката.

„Сума од 50 милијарди долари, колку што треба да биде доприносот на секоја членка, е нешто со што сите се сложуваме, но уште треба да се работи на тоа“, рече Соклал.

Основањето на развојна банка е еден од приоритетите на самитот на БРИКС, чии домаќин во март ќе биде Јужна Африка. Пред состанокот, министрите за финансии од тој блок имаат за задача да ги истражат можностите за основање на банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП