Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време се вадиме на тоа дека се нема мотивација, се нема елан, се нема желба…

Но, ако е тоа навистина така на работа, тогаш се нема и иницијатива за преземање и за решавање на работи и во приватниот живот! Е, тоа не иде така! Не може да се има иницијатива за дома, а на работа не! И на двете места, мора нешто да ве мотивира нешто за да преземете иницијатива.
Освен што е мотивот до нас самите, се работи и за самата иницијатива. Некако сме западнати во некоја апатија и на секое едно размислување за некаква инцијатива, а не пак акција, веднаш се откажуваме:
Пробајте да бидете позитивни (барем во тој период) и верувајте во себеси. Знам дека ова можеби звучи патетично, но поврзано со она погоре напишано и вербата кон себе, но и кон другите, вербата е навистина потребна. Околу себе ќе имате многу луѓе кои нема да ве поддржуваат, но доколку во себе имате верба и позитивни мисли, многу е веројатно дека ќе успеете.
Со успех во промените,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг