25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВештачката интелигенција ги „турка“ нагоре резултатите на Baidu

Вештачката интелигенција ги „турка“ нагоре резултатите на Baidu

Кинеската интернет компанија „Baidu“ ги објави кварталните резултати кои ги надминаа очекувањата, пренесе „CNBC“.

„Baidu“ генерираше профит од 14,90 јуани (2,29 долари) по акција, во споредба со 13,38 долари по акција, прогнозирани од аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“.

Нејзините приходи за периодот на известување достигнаа 23,56 милијарди јуани (3,62 милијарди долари), додека аналитичарите очекуваа дека износот ќе изнесува 23,053 милијарди јуани.

Како резултат на вестите, акциите на компанијата ја зголемија вредноста за 4 отсто.

Резултатите на „Baidu“ ги надмина очекувањата за целата 2017-та година. За фискалната година, компанијата забележа профит од 64 јуани по акција (9,79 долари) кај 84,8 милијарди јуани (13,03 милијарди долари) приходи што ги надмина предвидените 60,06 јуани по акција профит и 84.660.000.000 јуани приходи.

Приходите на „Baidu“ за последниот квартал се зголеми за 29% на годишна основа, а оние за годината – 20% наспроти 2016-та година.

Директорите на компанијата велат дека растот се должи на напорите за развивање на вештачката интелигенција и оптимизирање на мобилното пребарување. Компанијата планира да продолжи со инвестирањето во овие области во новата година, исто така, насочувајќи се на новите проекти како „Apollo“ и „DuerOS“, што ги покажаа на „CES“.

„Влегуваме во 2018-та година, ние планираме да ја продолжиме стратегијата за излез од неосновните активности и да ја засилиме инвестициите на „Baidu“ во мобилниот бизнис и овој со вештачка интелигенција“, коментира главниот финансиски директор на „Baidu“, Херман Ву.

Во минатото тримесечје компанијата ги оддели своите единици „Baidu Deliveries“ и таа за мобилни игри, за да ги фокусира повеќето ресурси во вештачката интелигенција и во голем број други проекти. Во текот на истиот период, „Baidu“ ги надмина очекувањата за приходите заради големата маргина, но не успеа да ја исполни консензусната прогноза за своите приходи.

Во октомври, „Baidu“ објави дека планира да објави целосен автономен автобус во Кина во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП