3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДаночните измени го намалија профитот на PepsiCo

Даночните измени го намалија профитот на PepsiCo

Американскиот производител на безалкохолни пијалоци и грицки „PepsiCo“ претрпе загуба во четвртиот квартал поради измената на даночниот закон во САД.

Меѓутоа, тие ги надминаа повеќето очекувања кога ќе се исклучат вонредните трошоци.

Во три месеци заклучно со 30-ти декември, „PepsiCo“ прокнижил загуба од 710 милиони долари или 50 центи по акција, во однос на една година претходно кога заработи 1,4 милијарди долари или 97 центи по акција, пренесува агенцијата АП.

Кога ќе се исклучат 2,5 милијарди долари еднократни трошоци поврзани со новиот даночен закон во САД, американската компанија остварила заработка од 1,31 долари по акција, што е подобро од прогнозата на аналитичарите.

Приходите на компанијата се благо зголемени на 19,53 милијарди долари од 19,52 милијарди долари, поради растот на продажбата во Латинска Америка, Европа и субсахарска Африка.

„PepsiCo“ најави дека во јуни ќе ја зголеми годишната дивиденда за 15 проценти, и дека ќе ја зголеми програмата за откуп на акциите на 15 милијарди долари од 12 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП