12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Puma за кварталот е двојно поголема

Добивката на Puma за кварталот е двојно поголема

Германскиот производител на спортски стока „Puma“ објави дека очекува да ја зголеми оперативната добивка за една третина во 2018-та година и да ја зголеми својата продажба со 10%, откако забележа стабилни финансиски резултати за четвртиот квартал од 2017-та година, поддржан од силната побарувачка на неговите патики.

„Puma“, која продолжува да заостанува зад германскиот конкурент „Adidas“ и пазарниот лидер „Nike“, заживеа во последниве години, фокусирајќи се на фудбалот, трчањето и моторните спортови, како и врз производите за жени, партнерството со познати лица како пејачката Ријана.

„Puma“ објави двојно зголемување на профитот за кварталот пред камати и даноци до 30 милиони евра. Во исто време валутно корективната продажба скокна со 14,5% до 1,04 милијарди евра, што во голема мера соодветствува на просечните проценки на аналитичарите.

Растот на продажбата беше особено силна во клучниот бизнис со спортски обувки, со зголемување од 19%. Продажбата најбрзо растеше во Европа, Средниот Исток и Африка – за 18,5%, следеа американските континенти за 14%.

„Puma“, чии акции паднаа минатиот месец, откако француската компанија мајка „Kering“ изјави дека ќе го одвои брендот меѓу акционерите, во петокот објави планови за плаќање на еднократна дивиденда од 12,50 евра по акција за 2017-та година.

Главниот извршен директор на „Puma“, Бјорн Гулден изјави дека акумулираната инерција од 2017-та година, како и позитивните реакции од корисниците и партнерски трговците, ја прават компанијата позитивно настроена за 2018-та година, очекувајќи 10-процентен раст на продажбата кај постојаните девизни курсеви.

„Puma“ очекува профитот пред каматите и даноците за 2018-та година да биде меѓу 305 и 325 милиони евра во споредба со 245 милиони евра во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП