12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMaersk презентираше позитивни прогнози за годината

Maersk презентираше позитивни прогнози за годината

Сопственикот на најголемата компанија за испорака со контејнери во светот „А.Р. Moeller-Maersk“ претстави прогнози за скок на профитот за 2018-та година, иако не успеа да одговори на очекувањата за резултатите за минатата година, објави „Financial Times“.

Главниот извршен директор на данскиот конгломерат Сорен Скоу ја нарече 2017-та „необична и незаборавна година“, откако компанијата беше мета на голем сајбер напад, а освен тоа продаде и еден куп компании со вкупна вредност на трансакциите од 14 милијарди долари.

Профитот за четвртиот квартал пред каматите, даноците, депресијацијата и амортизацијата достигна 837 милиони долари, што е под просечната оценка на аналитичарите за 896 милиони долари.

„Maersk“ изјави дека очекува оваа година добивката да биде помеѓу 4 и 5 милијарди долари, што е за 43% повеќе од добивката за 2017-та година во износ од 3,5 милијарди долари.

Данската групација е во процес на најрадикалните промени во историјата, откако го продаде енергетскиот бизнис – вклучувајќи ја нафтената единица на француската „Total“ и танкерите на својот главен акционер – и се фокусираше на морските достави и логистика.

„Maersk Line“ кој превезува околу 19% од морските товари по аквизицијата за 4 милијарди долари на „Hamburg Süd“, ја зголеми основната добивка со 900 милиони долари во 2017-та година во однос на една година претходно, иако не успеа да одговори на прогнозите за раст од 1 милијарда долари.

Од „Maersk“ рекоа дека побарувачката за контејнери забави во четвртиот квартал по силните податоци за првите девет месеци од годината.

Акциите на „Maersk“ паднаа за 3% во почетокот на денешното тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП