26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter конечно до профит, но проблемите остануваат

Twitter конечно до профит, но проблемите остануваат

Компанијата „Twitter“ во четвртиот квартал минатата година го оствари првиот квартален профит досега и како што објави во тој период се вратила на патот на раст на приходите.

Меѓутоа и покрај подобрите резултати од внимателните предвидувања на Волстрит, пошироките проблеми на „Twitter“ не се решени, наведува АП.

„Twitter“ се соочува со злоупотреби, лажни профили и обиди на руските служби да шират дезинформации, а за проблемите придонесува и стагнирањето на растот на бројот на корисници.

Социјалната мрежа не крие дека има проблеми, таа воведе бројни нови мерки за да ги отстрани профилите кои се користат за злоупотреба. Сепак, критичарите наведуваат дека „Twitter“ само ги турка проблемите под тепих и не реагира соодветно на нив.

Проблем на „Twitter“ ќе биде и управувањето со компанијата, бидејќи еден нејзин познат раководител наскоро заминува, а директорот работи во уште една компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП