24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦената на акциите на Deutsche Bank падна на најниско ниво од 2016-та

Цената на акциите на Deutsche Bank падна на најниско ниво од 2016-та

Цената на акциите на „Deutsche Bank“ падна до најниското ниво од кризата за доверба во 2016-та година, бидејќи аналитичарите ги намалија препораките за нивно купување по објавувањето на разочарувачките резултати за четвртиот квартал, соопштува „Bloomberg“.

Вредноста на акциите на најголемата германска банка се намалија за време на трговијата во Франкфурт до вредност, која за последен беше регистрирана во ноември 2016-та година. Претходно аналитичарот од „MainFirst“, Даниел Регли ги намали препораките за акциите, повикувајќи се на „потребата за значително преструктуирање, вклучувајќи го и затворањето на голем број на бизниси“, без да се специфицира кои од нив. Нил Смит од „Bankhaus Lampe“ ја спушти целената цена, иако ја задржа препораката за купување.

Цената на акциите на „Deutsche Bank“ од почетокот на годината се намалија за 19,6%, при што најсилно се намалува индексот „Bloomberg 500 Europe Banks and Financial Services“. „Barclays“ е втората најголема банка која забележа пад од 5,1 отсто.

Главниот извршен директор на „Deutsche Bank“, Џон Крајан, во петокот објави најнизок приход за еден квартал од 2010-та година, во услови на пад на трговијата што влијаеше врз инвестицискиот бизнис на банката. Продажбата на глобалните берзи на почетокот на оваа недела дополнително ги намали цените на акциите, кои продолжија да опаѓаат во среда, како и акциите на повеќето ривали на „Deutsche Bank“.

Банката не успеа да управува со падот на цената на акциите и да ја задржи довербата на клиентите откако Министерството за правда на САД побара 14 милијарди долари во септември 2016-та година за да се реши истрагата за хартии од вредност поддржана со хипотеки. Германската банка постигна договор вреден 7,2 милијарди долари во декември истата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП