Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,098.79 0.29%    BESK 7,738.39 -2.05%    GRNT 743.11 -1.78%    KMB 4,373.93 0.64%    MKSD 204.00 9.68%    MPT 30,016.78 0.05%    MTUR 4,100.00 -0.41%    OHB 6,498.44 0.11%    PPIV 44,500.00 0%    RMDEN16 95.50 0.42%    RZLE 14.00 0%    RZLV 44.00 0%    RZUS 124.82 -0.94%    STB 1,022.50 -0.26%    STBP 1,102.85 0.07%    STIL 132.97 3.31%    TEL 270.00 -1.46%    TNB 13,718.00 3%    TPLF 1,573.88 -1.18%    TTK 860.00 -1.23%    UNI 2,420.09 2.55%    ZILU 238.00 8.18%    

Уште 8 дена за да инвестирате во својата професионална кариера

Време: 10:15

Датум: февруари 8, 2018

Категорија: КАРИЕРА

Отворен повик за студирање на меѓународни постдипломски студии по Менаџмент и организација на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје до 15 февруари 2018.

Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, ја изведува современата и високо квалитетна академска и бизнис  меѓународна магистерска програма. Државниот Економски факултет во Љубљана  е основан во 1946 год., има репутација на најдобра високообразовна институција од областа на економија и менаџмент во Словенија, со над 8.000 домашни и странски студенти во текот на секоја академска година. Акредитиран со највисоките академски и бизнис акредитации – EQUIS и AASCB, факултетот спаѓа во елитната групација на високо рангирани институции во Европа и во светот. Ова е привилегија на помалку од 5% од бизнис школите ширум светот. Покрај овие две значајни акредитации, факултетот ја има и AMBA акредитацијата, која ја поседуваат само 2% од школите за Мастер студии за Бизнис Менаџмент (MBA). Со овие програми Економски факултет – Љубљана
(IBA – International Business Academy, Master programme) е рангиран на 45-то место на светската листа на бизнис школи.  Дипломата е академска и бизнис, ја издава Економски факултет – Љубљана на англиски јазик и на словенечки јазик и е валидна во сите земји во светот.

Јавниот отворен повик за сите кои што сакаат да инвестираат во својата професионална кариера е отворен до 15 февруари 2018.

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет–Љубљана (www.ef.uni-lj.si)  во Скопје ([email protected]; 070 338 570).

Мастер програмата по БИЗНИС и ОРГАНИЗАЦИЈА овозможува стекнување специјалност во областа на: економија, финансии, стратегија, менаџирање, управување со човечките ресурси, преговарање, проактивно мислење и креативно дејствување… По завршување на програмата, секој поединец ќе биде подготвен стручно и високо професионално да се соочи со предизвиците на секоја компанија, фабрика, институција…

Постдипломската рограма по БИЗНИС И ОРГАНИЗАЦИЈА ги содржи следните
15 предмети: Микро и макро економија, Бизнис околина, Организација и менаџмент, Стратешки менаџмент, Логистика и оперативен менаџмент, Финансиски менаџмент,  Маркетинг за менаџери, Менаџмент на човечки ресурси, Системи за поддршка на одлучување, Преговарање, Бизнис истражување, Сметководство за менаџирање, Економски менаџмент и Изборен курс I, II, III.

Мастер студиите ги  профилира следниве кадри:

– Менаџери и претприемачи кои што имаат генерални и специјализирани
менаџерски одговорности

–    Високо – функционални лидери што имаат повеќекратни одговорности

–  Извршни директори кои што сакаат да развијат интегративна перспектива и да ги
усовршат своите таленти и вештини

–  Амбициозни технички експерти на кои што, исто така, им се потребни економско
знаење и управувачки способности

–    Мотивирани индивидуалци кои што себеси се гледаат како потенцијални лидери

–    Дипломирани студенти кои што немаат работно искуство

Предавањата ќе се реализираат во Скопје од страна на професори од Словенија и други европски универзитети. Студентите ќе ги добијат потребните дополнителни материјали и последните изданија на предвидените учебници од Англија и од САД на англиски јазик, кој што е и официјален јазик на студиите.

Со цел да се постигне висок квалитет на наставата, бројот на студенти во една генерација е ограничен до 25 студенти.

За упис на студиумот, секој кандидат е потребно да ги исполнува следниве услови:

– Диплома од завршени додипломски студии (било кој профил на високо образование)

– Познавање на англискиот јазик

Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Како да бидете посреќни на работното место?

    Како да бидете посреќни на работното место?

    Ова се нашите 6 совети кои ќе ви помогнат да бидете посреќни на работното место… 1. Не дозволувајте гневот да владее Често луѓето стануваат огорчени…

  • Како да излезете како победник меѓу колегите-ривали

    Како да излезете како победник меѓу колегите-ривали

    Сочувајте ја вашата кариера со помош на советите од д-р Фатали Могадама, професор за решавање на конфликти на Универзитетот во Џорџтаун. Неговите совети се следните…Како…

  • Неколку начини да бидете подобар шеф!

    Неколку начини да бидете подобар шеф!

    Сите зборуваат за своите надредени. Некои ги фалат, некои пак ги осудуваат. Лошите страни е лесно да се видат, но дали некогаш сте се запрашале…

  • Прекувремено работење, мала плата, ужасна работна атмосфера, познато? (видео)

    Прекувремено работење, мала плата, ужасна работна атмосфера, познато? (видео)

    Преголемите очекувања на компаниите и претпоставените се најголема причина за стрес. Прочитајте како да избегате од наметнувања кои ви создаваат нервоза напнатост и тензија, а…

  • 70% од луѓето имаат непријатели на своето работно место

    70% од луѓето имаат непријатели на своето работно место

    Имено, едно истражување покажува дека 70% од Британците не им веруваат на своите колеги, а третина од жените откриваат дека секојдневно се соочуваат со „борба“…

  • Жените непосредно пред интервју прават една работа која ќе ве изненади!

    Жените непосредно пред интервју прават една работа која ќе ве изненади!

    Освен што треба да знаете се за компанијата во која аплицирате, потребно е да внимавате при изборот на гардероба, всушност е да направите многу работи…

  • Кариерата може да си ја уништите со овие грешки!

    Кариерата може да си ја уништите со овие грешки!

    И додека различни шефови вреднуваат различни вештини кај работниците, повеќето од нив бараат работници кои имаат добри контакти, кредибилитет и компетенција. Сo овие три карактеристики…

  • Проверете дали ја имате оваа особина која е присутна само кај успешните дами!

    Проверете дали ја имате оваа особина која е присутна само кај успешните дами!

    Постојат голем број на квалитети и особини кои влијаат на вашиот успех, но истражувањата покажаа дека само една е клучна. Се случило ли некогаш да…

  • Уредничката на „Vogue“ открива кои се трите златни правила за успех (видео)

    Уредничката на „Vogue“ открива кои се трите златни правила за успех (видео)

    Ана Винтур е една од најфасцинантните успешни жени на денешницава. Таа е веќе 26 години главен уредник на познатиот магазин „Vogue“, а 8 години е…

  • Kарактеристики на лошиот шеф

    Kарактеристики на лошиот шеф

    Позитивната атмосфера на релација вработен и работодавец ќе ја зголеми продуктивноста и чувството на задоволство на работа. 1. Шеф кој лаже – шеф кој е…